На трим патеката во Рекреативниот центар „Гази Баба“ во текот на вчерашниот ден се одржа последната велосипедска трка за ранг листата во планински велосипедизам „Гази Баба 2014”.
Трката се возеше по правилата на УЦИ и на Велосипедската федерација на Македонија, финансиски беше поддржана од Градот Скопје, преку програмата за спорт за 2014 година, а на најдобрите, наградите им ги додели градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
Се возеше во шест категории, а најдобро пласирани во своите класи беа:
Хоби:
1. Михаил Тасевски,
2. Димитар Златков,
3. Андреј Хаџивасилев.
Жени:
1. Анета Антовска „Енерџи“ Скопје,
2. Катерина Николовска „Енерџи“ Скопје,
3. Андреа Будимовска „Енерџи“ Скопје.
Мастерс:
1. Владимир Микиќ „Енерџи“ Скопје,
2. Мартин Анастасовски „Енерџи“ Скопје,
3. Љубиша Кондев „Енерџи“ Скопје.
Кадети:
1. Новица Вељановски „Екодром“ Охрид,
2. Драган Јованов „Свиок“ Радовиш,
3. Јаков Јованоски „Екодром“ Охрид.
Јуниори:
1. Петар Упевчески „Екодром“ Охрид,
2. Јован Јованоски „Екодром“ Охрид,
3. Влатко Рабаџиски „Свиок“ Радовиш.
Елит:
1. Левент Рифат „Мадал Бал“ Скопје,
2. Горан Кузмановски „Е.Б.Т.С“ Скопје,
3. Александар Ѓуровиќ „Енерџи“ Скопје.