Фудбалските федерации на Велс и Србија ги одредија цените за натпреварите против Македонија во последните две кола од квалификациите за Светското првенство во Бразил 2014 година.
Велшката фудбалска федерација се реши со Македонија на 11 октомври да игра на вториот по големина стадион во главниот град. На овој стадион натпреварите ги игра премиер лигашот Кардиф. Љубителите на фудбалот оваа средба ќе можат да ја следат за 24 евра. Цената на влезниците за помладите од 16 години изнесува 6 евра.
Натпреварот со Србија во Јагодина ќе може да се гледа по цена од 3 евра на трибините позади головите. Билетот за централната трибина ќе чини од 6 до 8 евра зависно од местото на стадионот во Јагодин, кој е со капацитет од 15.000 места.
Согласно со пропозициите на УЕФА на Фудбалската федерација на Македонија и следуваат околу 1000 влезници.