Големото дерби на македонскиот фудбал меѓу Пелистер и Вардар кое утре требаше да се одигра во Битола, поради безбедносни причини е одложено по барање на МВР.
– Фудбалската Федерација на Македонија искрено жали што натпреварот меѓу ФК Пелистер и ФК Вардар, што требаше да се одигра в недела во Битола на барање на Министерството за внатрешни работи, по одлука на Комисијата за натпреварување на ФФМ се одложува за среда. Фудбалската Федерација на Македонија е обврзана да ги почитува одлуките, препораките и барањата на МВР од причина што тие се единствено надлежни за вршење проценка на безбедноста, стои во известувањето од ФФМ.
Како што соопштуваат од ФФМ, Министерството за внатрешни работи како превентивна мерка се одлучило на ваков чекор.
– Имајќи ја предвид безбедносната состојба, а со цел да не се создадат услови за предизвикување насилство и недостојно однесување на натпреварот меѓу ФК Пелистер и ФК Вардар и насилството да се прелее низ градот Битола, Министерстовото за внатрешни работи се обрати до ФФМ со барање натпреварот помеѓу наведените фудбалски клубови кои требаше да се одигра на 03.03.2013 година да се одложи, стои во барањето на МВР.