Одбојкарките на Србија и Кина ќе се борат за олимпиското златото во Рио.
Репрезентација на Србија направи големо изненадување на олимпискиот турнир, откако во четвртфиналето ја елиминираа Русија, актуелниот европски шампион, а во полуфиналето беа подобри од светскиот првак репрезентацијата на Соединетите Американски Држави.
Во неизвесен полуфинален меч Србија славеше над САД со 3:2 (по сетови 20-25, 25-17, 25-21, 16-25, 15-13).
Противничките на Србинките во финалето одбојкарките на Кина во вториот полуфинален меч беше подобра од Холандија со 3:1 (по сетови 27-25, 23-25, 29-27, 25-23)
Утре од 18 часот Американките и Холаѓанките ќе го играат мечот за бронзениот медал, а финалето меѓу Србија и Кина е во недела во 3 часот и 15 минути по полноќ.