Oдбјкарките ја започнуват борбата за титулата

Од:

Со натпреварот кој ќе се игра попладнево во салата на ОУ „Невена Ѓорѓиева – Дуња“ во Скопје, ќе започне финалето на одбојкарскиот шампионат на Македонија во женска конкуренција.

За титулата ќе се борат екипите на Јанта Волеј и СВСК од Куманово.

Впрочем, ова ќе биде и реприза на финалниот меч во националниот куп кој се одигра во саботата, а во кој кумановската екипа забележа победа со 3-1 во сетови и го освои првиот трофеј.

Екипата на Јанта Волеј е бранител на титулата, која и годинава ќе ја освои екипата која прва ќе забележи три победи.

Почетокот на денешниот, прв меч меѓу Јанта Волеј и СВСК е закажан за 18 часот и 30 минути.

Би можело да ве интересира

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ

Македонските одбојкари подготвени за утрешниот старт на ЕП во Скопје

Два контролни натпревари на македонските одбојкари против Романија

Трет пораз на македонските одбојкарки во Европската сребрена лига

Ана Ололовска

ВИДЕО: Потресна снимка од последните моменти на одбојкарката пред смртта

Катерина Ѓуровски