Одбиено барањето на адвокатот на Писториус

Од:

Јужноафриканскиот суд го отфрли барањето на адвокатот на Оскар Писториус да не биде прифатена жалбата на обвинителството, кое бара поостра казна за параолимпиецот.

Писториус служи петгодишна затворска казна за убиство од небрежност на својата девојка Рива Стенкемп во февруари 2013 година.

Обвинителството се жали на судската пресуда и бара таа да биде коригирана во убиство со предумисла, со што Писториус би останал во затвор најмалку 15 години.

За време на судењето, обвинителството не успеа да го убеди судијата Токозиле Масипа дека Писториус намерно ја убил својата девојка, поради што го осуди на убиство од небрежност.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“

Срамно однесување на италијанскиот спортист: Го престигна Германецот и го понижуваше

Предраг Петровиќ

Литванецот Миколас Алекна го собори најдолгогодишниот светски рекорд во машка атлетика

Предраг Петровиќ

Почина познатата Британка Лесли Вотсон

Горан Наумовски

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта

СП атлетика: Злато за Ворхолм, Кер, Паулино, Мун и Кенеди