Претседателот на словенечката ракометна федерација, Фрањо Бобинац изјави дека Словенија ќе остане на Европското првенство и ќе го игра дуелот со Црна Гора вечерва од 20 часот и 30 минути.
Европската ракометна федерација претходно ја отфрли и втората жалба на словенечкиот тим за прекршувањето на правилата во понеделничкиот меч меѓу Словенија и Германија.
– На состанокот, едногласно беше одлучено Словенија да остане на натпреварувањето. Судењето беше на наша штета, така што не чуди што ни ги отфрлија жалбите. Сега ќе одиме до судот за арбитража на ЕХФ, а ако е потребно ќе одиме и до Судот за арбитража во спортот (ЦАС) во Лозана, објави Бобинац.