Одбележување на Светскиот ден на планината – 11. декември

Од:

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија со пешачење на тура Водно – Матка и проекции на планинарски филмови се приклучува кон одбележување на 11 декември – „Светскиот ден на планината“.

Утре од 18 часот во МКЦ-кино Фросина ќе бидат прикажани планинарски филмови, а во недела со тргнување во 7 часот пред ОУ „Кочо Рацин“ во Скопје ќе се организира тура Водно-Матка, како и пешачење на Матка со стартно место пред манастирот Света Богородица во 10 часот.

Од Федерацијата информираат дека одбележувањето на Светскиот ден на планината е со цел да се зголеми важноста на планината за секојдневниот живот, како и да се придонесе кон создавање на партнерства кои ќе донесат позитивни промени во нивната заштита.

Би можело да ве интересира

Планинар преживеа пад од височина од 600 метри

Предраг Петровиќ

Да се допрат снеговите на Килиманџаро

Ана Ололовска

Стотина Планинари денес се искачија на Царев Врв на Осоговските Планини

Ана Ололовска

Младиот планинар Ване Бошев од Неготино по втор пат го искачи врвот Мали Томор во Албанија, во услови на невреме

Ана Ололовска

Почнува првиот „Плетвар аутдор фестивал“

Ана Ололовска

Планинска тура на Шар Планина под мотото „Испоти се во природа“

Ана Ололовска