Објавени резервите за НБА Ол Стал викендот

Од:

Тренерите на НБА тимовите ги одбраа резервните играчи за Ол Стар викендот во Хјустон.

Довербата на стручњаците, кога станува збор за играчите од Источната конференција, ја добија: Крис Бош (Мајами), Тајсон Чендлер (Њујорк), Пол Џорџ (Индијана), Кајри Ирвинг (Кливленд), Џру Холидеј (Филаделфија), Луол Денг и Јоаким Ноа (Чикаго). Ова ќе биде прво учество на главната олстар вечер за Чендлер, Ноа, Џорџ и Холидеј, што сигурно ќе претставува мотив повеќе за нив да се докажат во егзибцискиот дуел на најдобрите кошаркари на планетата.

Резервите на Западот ги сочинуваат Расел Вестбрук (Оклахома Сити), Џејмс Харден (Хјустон), Тони Паркер и Тим Данкан (Сан Антонио), Зек Рендолф (Мемфис), Ламаркус Олдриџ (Портланд) и Дејвид Ли (Голден Стејт). За одбележување е дека за ветеранот Тим Данкан ова ќе биде дури 14. настап на олстар натпреварите.

Сартната петорка на Истокот ја сочинуваат двоецот на Бостон, Ражон Рондо -Кевин Гарет, ѕвездите на Мајами ЛеБрон Џејмс и Двејн Вејд, како и најдобриот играч на Њујорк, Кармело Ентони.

На Западот се Крис Пол и Блејк Грфин од Клиперс, Коби Брајант и Двајт Хауард ќе ги претсавуваат Лејкерс, а ним ќе им се ориклучи Кевин Дурант од Оклахома.

Би можело да ве интересира

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите