Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски продолжува со одличните настпи во Грузија.
Откако минатиот викенд триумфираше на првиот ИТФ фјучерс вреден 15.000 долари во Грузија, Јотовски повторно обезбеди пласман во полуфиналето и на вториот турнир.
Тој без поголеми проблеми стигна повторно меѓу четирите најдобри откако во четвртфиналната пресметка го совлада домашниот тенисер Александре Бакши во два сета, со 6-3,6-1.
Јотовски кој е седми носител на фјучерсот, во полуфиналето ќе игра против рускиот тенисер Кирил Киватсев.