Новите правила во Кина го стопираат трансферот на Бејл

Од:

Sвездата на Реал Мадрид, Герет Бејл беше близу да си замине минатото лето. Велшанецот беше на пат кон кинеската Супер лига, но остана на „Сантијаго Бернабеу“. Сега можноста да заигра во Кина се приближува до нула, поради новите правила за плати во земјата.

Кинескиот фудбалски сојуз донесе одлука дека максималната плата на „легионерите“ во локалните клубови не треба да надминува 3 милиони евра по оданочување. За кинеските фудбалери платите не треба да надминуваат 1,3 милиони пред да се одземат давачките. За членовите на националниот тим, овој индикатор се зголемува за 20%.

Постојните договори се валидни, но новите правила за плата треба да важат за сите договори меѓу кинеските играчи и клубови потпишани по 20 ноември 2019 година. За странските играчи ограничувањата ќе важат од почетокот на следната година.

Бејл добива 14 милиони евра годишно во Реал Мадрид, па со новите правила не може да ги покријат финансиските побарувања на велшката sвезда. Единствената дестинација за Бејл останува англиската Премиер лига. Неговиот стар клуб Тотенхем е најзаинтересиран за 30-годишниот напаѓач.

Би можело да ве интересира

За еден бакнеж екс претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија ќе плати 10.000 евра

А1он

Хрватскиот стручњак Бранко Иванковиќ стана нов селектор на кинеските фудбалери

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски