Хуго Екитике (20) е нов играч на Пари Сен Жермен, пренесува Фабрицио Романо. Се уште се чека официјална потврда, закажан е лекарскиот преглед, а ПСЖ за големиот француски талент на Ремс ќе му плати 30 милиони евра со можни бонуси. Младиот напаѓач во наредната сезона ќе биде во составот на ПСЖ и нема да оди на позајмица.
Минатата сезона во француската Лига 1 за Ремс, Екитике постигна 10 гола и додаде уште три асистенции. Француските и светските медиуми го нарекоа „новиот Мбапе“ поради сличноста во стилот на игра со ѕвездата на Пари Сен Жермен, со која сега ќе ја дели соблекувалната.
Романо додава дека новиот спортски директор на ПСЖ инсистирал да го доведе Екитике и сега се ќе се насочи кон други играчи. Прв на таа листа е португалскиот играч за врска Ренато Санчес (24), кој одигра три блескави сезони во Лил.
Извор: Топспорт