Новиот Форд ГТ е побрз од Мекларен и Ферари

Од:

Започна производството на новиот Форд ГТ, а од компанијата тврдат дека е побрз од конкурентите од Мекларен и Ферари.

Моторот на новиот ГТ ќе развива 647 коњски сили и 745 Nm вртежен момент. Таа сила и тежината од 1385 килограми, му овозможуваат да вози со максимално 347 километри на час.

За жал недостасуваат податоците за колку време развива од 0 до 100 километри на час, меѓутоа се очекува наскоро и тоа да биде познато.

Додека го развивале од Форд правеле тестови со Мекларен 675LT и Ферари 458 Speciale и тврдат дека новиот Форт ГТ бил најбрз, а какви ќе бидат резултатите од независните тестирања останува да почекаме.

Од Форд веќе започнале со испорачување на првите автомобили. Според првичните најави било планирано да произведат вкупно 500 вакви автомобили, но заради големата заинтересираност најверојатно таа бројка ќе биде дуплирана.

Цената на автомобилот се движи околу 400.000 долари.

Би можело да ве интересира

Форд ќе укине 3.200 работни места во Европа

А1он

Форд вложува 11,4 милијарди долари во производство на електрични возила и батерии

А1он

Вработените во „Форд“ ќе работат од дома до јуни 2021 година

Ана Ололовска

Форд затвора 7.000 работни места

„Форд“ во Чикаго инвестира една милијарда долари и отвора 500 работни места

Форд ќе отпушти илјадници работници во Европа

Наум Локоски