Новинар поднесе оставка поради Винисиус, сосема го заборавил кога гласал за Златната топка

Од:

За доделувањето на Златната топка, кое се одржа на крајот на октомври во Париз, се уште се зборува во светската јавност, а денеска еден од новинарите се откажа од своето место во жирито за изборот на најпрестижната награда во светот на фудбалот.

Родри ја освои Златната топка пред Винисиус Јуниор, што крена голема прашина, па пред самата церемонија делегацијата на Реал одлучи да не присуствува на неа, а од Мадрид изјави дека оваа награда повеќе не постои за нив.

Еден од новинарите кои не му дадоа ниту еден поен при гласањето на Винисиус е Финецот Јуха Канерва, кој денеска ја призна грешката и поднесе оставка од жирито на Златната топка.

Канерва претрпе голем притисок поради неговиот начин на бодување, а како што призна, целосно го заборавил Винисиус и направил „техничка грешка“ при гласањето.

„Тоа е моја техничка грешка. Се повлекувам од моето место во жирито на Златната топка“, накратко изјави Канерва преку социјалната мрежа Твитер.

Канерва беше еден од тројцата новинари кои не го вклучија Винисиус во списокот на играчи на кои им даваат поени, а право на глас имаа вкупно 99 новинари од земји од светот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Брутален нокаут во САД ги „освои“ социјалните мрежи

Пијастри ја покори Кина

Новоматик Македонија одличен пример за општествена одговорност

Предраг Петровиќ

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронзен медал на Балканското првенство во Будва

Легендарен фудбалски тренер е во болница поради мозочен удар

А1он

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ