Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп беше видно изнервиран од прашањата на известувачот на „Скај Спорт“ по синоќешниот дебакл на шампионите со 0:4 од Манчестер Сити. Новинарот двапати го доведе во прашање ставот со кој влегоа „црвените“ на овој натпревар, што на Германецот воопшто не му се допадна.
– Видов брилијантен став. Ни недостасуваше точност во некои ситуации и тие беа побрзи од нас. Тие ги искористија своите шанси, а ние не. Имавме ситуации, имавме ситуации, имавме моменти кога можевме да постигнеме гол. Сакав да го видам тоа имаме правилен став и сè беше добро за мене, рече Клоп.
На второто вакво прашање, Германецот одговори: „Ова е втор пат да ме прашате за тоа. Доколку сакате да ја започнете оваа приказна дека не бевме доволно фокусирани за овој натпревар, сторете го тоа, но јас сум задоволен од ставот на тимот“.