Фудбалската федерација на Македонија донираше 1.700 пластични седишта што ќе бидат поставени на трибината на фудбалското игралиште во рамки на Спортскиот центар „Билјанини извори“ во Охрид.
Станува збор за активности што ФФМ и ЈП „Билјанини извори“ ги спроведуваат за подобрување на условите за работа за екипите и фудбалските школи кои функционираат во градот, како и за оние екипи што доаѓаат на подготовки во Охрид.
Претходно беа реконструирани и соблекувалните за фудбалерите сместени под трибинскиот простор.