Новески: Одлуката за повлекување со тешко срце

Од:

По квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство 2014, Николче Новески се одлучи да каже збогум на репрезентативниот дрес.

Силното темпо во својот клуб, многуте обврски, но и годините, го натераа на таков потег, иако одлуката не била донесена одеднаш, туку за неа се размислувало подолго време.

– Тоа ми е најтешката одлука. Кога ќе се сетам со колку радост и задоволство одев на репрезентативните повици. Играв против врвни репрезентации, пред полни стадиони и одлична атмосфера. Секогаш е убаво, меѓутоа одлучив затоа што сметав дека веќе не можам да се носам со тој предизвик. Не оди да дојдам во националниот тим уморен или неподготвен. Силното темпо исто така си имаше свое влијание, но и се случија многу промени во репрезетацијата и одлучив да кажам дека е доста. Чест ми беше што бев дел од националниот тим и тие настапи, собири, тренинзи, атмосфера пред излегувањето на теренот ќе ми остане засекогаш во моето срце, изјави Новески за веб страната на ФФМ.

36-годишниот „стопер“ додава дека потешко му било да биде капитен во клуб, отколку во репрезентацијата.

– Во клуб си заедно со играчите 300 денови во годината, во репрезентацијата 20 дена. И секако дека е потешко да си лидер и да се управува со една средина повеќе денови. Задоволство беше да се биде капитен и на репрезентацијата, тоа е факт, меѓутоа чувствував поголем притисок на клупски план, додаде Новески.

Тој доби потврда на статусот клупска легенда во германски бундеслигаш Мајнц, откако се прости од дресот на Мајнц по 11 години. Навивачите на Мајнц му приредија незаборавен спектакл, а во четвртата минута, што симболично го претставува неговиот дрес со број 4 сите на стадионот беа на нозе и го скандираа неговото име. Истовремено беше истакнат и голем транспарент на кој пишуваше: „11 години, 345 натпревари, 13 погодоци, рекордер за автоголови, рекордер за настапи во европските купови…Ти благодариме за се Николче Новески“.

Беше прикажано видео за Новески, а во арената одекнуваше класичниот хит на Синатра „Го сторив тоа на мој начин“.Соиграчите стоеја во шпалир, а навивачите развија транспарент на кој беше напишано „’О, капетане, мој капетане“.

Со солзи в очи Николче Новески ја напушти големата бина. Како великан заслужи да се прости и од репрезентацијата на Македонија.

На Националната арена „Филип Втори“ на натпреварот Македонија – Шпанија на 8 септември Новески доби официјално признание од Фудбалската федерација на Македонија за 64-те одиграни натпревари во националниот дрес.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска