Новак Ѓоковиќ го израмни рекордот на Роџер Федерер по број на рекордни полуфиналиња

Од:

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ вечерва го израмни рекордот на Швајцарецот Роџер Федерер по број на полуфиналиња на Грен слем турнирите.

Ѓоковиќ вечерва во четвртфиналето на Вимблдон го победи Русинот Андреј Рубљов и стигна до своето 46. Грен слем полуфинале, исто толку колку и Федерер, кој се пензионираше минатата година. На третото место е Шпанецот Рафаел Надал, кој го има своето 38. Грен слем полуфинале.

Српскиот тенисер на УС Опен ќе има можност да стигне до 47. полуфинале на Грен слем турнирите и да го освои првото место. УС Опен ќе се одржи од 28 август до 10 септември.

Би можело да ве интересира

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Монте Карло

Ѓоковиќ: Иванишевиќ ми е доживотен пријател, не знам кој ќе го замени

После пет години: Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Ѓоковиќ: Морам да ги балансирам приватниот и професионалниот живот, ќе се вратам во Мајами

ВИДЕО: Индијан Велс заврши за Ѓоковиќ, елиминиран е од 20-годишен Италијанец

Новак Ѓоковиќ откри кога ќе ја заврши кариерата