Нов убедлив пораз на АВ Охрид во дуел од АБА-2 лига

Од:

Кошаркарите на АВ Охрид го претрпеа и седмиот пораз во регионалната Втора АБА лига.

Охриѓани пред својата публика попладнево се поразени од црногорскиот тим Теодо со 82:101 по четвртини 15-33, 25-28, 20-19 и 20-21.

Освен Американецот, Реми Бери и Бугаринот, Станислав Тсонков ниту еден друг играч кај охридската екипа не покажа отпор, барем што се однесува до нападот. Бери средбата ја заврши со 35, додека Тсонков постигна 11 поени.

За АВ Охрид ова е седми пораз во исто толку одиграни средби, а со неверојатна кош разлика од -197 поени, овој тим е убедливо последен во второлигашката АБА конкуренција.

Следен противник на Охрид ќе биде хрватската екипа Сплит во меч кој ќе се игра на 6 декември.

Би можело да ве интересира

Пожар во Кавадарци: Изгоре дел од куќа

Семејно насилство во Кавадарци: Маж ја истепал сопругата

Горан Наумовски

42-годишен маж од Кавадарци ја задави својата партнерка

Пожар во старски дом во Кавадарчко, евакуирани 30 станари

Катерина Ѓуровски

Обвинение за каварадчанката која со чекан ја уби мајка си, била со намалена пресметливост

Катерина Ѓуровски

Се бара изградба на обиколница во Кавадарци за да се намали загадувањето на воздухот

А1он