Нов пораз за Вардар, Комитите бараат оставка од Џиџи!

Од:

Екипата на Вардар успеа да запише уште еден пораз во подготвителниот период, пред почетокот на пролетниот дел, овојпат од „фенерџијата“ Тетекс, кој успеа да слави со 2-1.

Стрелци на головите беа Филип Петковски кој ги постигна двата гола за тетовскиот тим, и Петровиќ кој успеа да му донесе само минимален пораз на Вардар, со својот погодок во 90-тата минута.

Вардарци имаа многу шанси на овој меч, дури и една погодена пречка, а во 78-мата минута Стјепановиќ промаши удар од 11 метри. Ова беше дури четврти пораз на Вардар во овој подготвителен период во кој не запиша ниту еден триумф, а забележа и три нерешени резултати. Дефинитивно, лоша увертира за македонскиот шампион во пресрет на пролетниот дел.

„Комитите видно разочарани го напуштија мечот на полувремето, и слично како и на мечот со ОФК Белград скандираа против раководството и фудбалерите, а по социјалните мрежи на отворено се бара отказ од Никола Илиевски-Џиџи.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска