Според норвешките медиуми, Норвешка и Македонија ќе одиграат пријателски меч на 11 Јуни, само четири дена по квалификацискиот меч на Норвешка против Албанија.
Дали ФФМ незнае дека е закажан пријателски меч со Норвешка, или молчат пред јавноста?! Навистина чудно, но македонското новинарство, веќе од поодамна е навикнато да соработува и пренесува новости од странските медиуми, отколку да добие навремена инофрмација од задолжените за тоа, во македонските фудбалски кулоари.
Специјализираниот фудбалски портал во Норвешка www.fotball.no ја пренесува оваа вест, и цитира изјава дадена од Норвешкиот селектор во контекст на овој пријателски меч.
„Балканот секогаш оддржува едно високо ниво. Македонија е една млада земја која е во постојан прогрес. Тоа го докажаа и на дуелот со Данска, меч во кој доста уверливо стигнаа до победата. Ќе ни биде од голема корист еден ваков дуел, со оглед на тоа што во продолжението на квалификациите играме против Кипар и Словенија, кои практикуваат сличен фудбал со Македонците“- рекол Нилс Јохан Семб, претседателот на Норвешката Федерација.
„Ја совладаа Данска со 3-0. Тоа доволно говори за нивниот капацитет. Имаат добри играчи кои настапуваат во силни лиги, и сигурно ќе претставуваат супер противник, во пресрет на дуелот со Кипар, на домашен терен, во Септември“- додал селекторот на Норвешка, Егил Олсен.