Њукасл ја прекина соработката со тренерот Стив Брус

Од:

Претпоследната екипа во Премиер лигата Њукасл денеска спогодбено го раскина договорот со тренерот Стив Брус поради серијата слаби резултати и освоените само три бодови во воведните осум кола.

– Сакам да им се заблагодарам на сите луѓе во Њукасл кои ми дадоа шанса да го водам овој за мене посебен клуб. Исто така, им се заблагодарувам на играчите и мојот стручен штаб. Имаше добри и лоши моменти, но тие дадоа сè од себе во тешките моменти и благодарен сум на нивниот труд, напиша Брус во клупското соопштение.

Натпреварот во неделата во кој Њукасл загуби од Тотенхем беше 1.000 во кариерата на Брус.

До назначување нов тренер екипата на Њукасл привремено ќе го води Грем Џонс, почнувајќи од саботниот дуел против Кристал Палас.

Би можело да ве интересира

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Сити извлече само бод против Њукасл

Фудбалерите на Њукасл го победија Тотенхем во третото коло од Премиер лигата

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Тoнали е под истрага за обложување, на фудбалерот на Њукасл му е дозволено да тренира со тимот