Њујорк ја продолжи серијата порази во НБА лигата

Од:

Екипата на Њујорк ја продолжува негативната серија резултати во НБА лигата и ноќеска пред своите навивачи убедливо беше поразена од Хјустон со 24 поени разлика – 120:96. Ова за тимот на Њујорк е 14. пораз во низа или на последните 25 натпревари имаат 24 порази.

Најефикасен на дуелот беше играчот на Хјустон, Џејмс Харден со 25 поени.
На другите два натпревар одиграни ноќеска Торонто – Шарлот 95:103 и Портланд – Мајами 99:83.

Вечерва се играат натпреварите: Индијана – Бостон, Бруклин – Филаделфија, Детроит – Атланта, Њу Орлеанс – Мемфис, Оклахома Сити – Јута, Вашингтон – Чикаго, Милвоки – Минесота, Сан Антонио – Феникс, Сакраменто – Денвер, Голден Стејт – Кливленд и Лос Анџелес Лејкерс – Орландо.

Пласман Источна конференција: Атланта 27-8 (победи-порази), Чикаго 25-11, Торонто 24-11, Вашингтон 24-11, Кливленд 19-17, Милвоки 19-18,…

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 28-5, Портланд 28-8, Мемфис 25-10, Далас 26-11, Хјустон 25-11, ЛА Клиперс 24-12, Сан Антонио 21-15, Феникс 22-16,…

Би можело да ве интересира

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

Орце Костов

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ