Ниту еден дизел модел не ги почитува пропишаните норми за издувни гасови

Од:

Француската комисија за контрола на дизел моторите, иницирана од министерката за екологија Сеголен Ројал, а формирана по скандалот со Фолксваген, по првите педесет тестови констатира дека ниту еден од моделите не ги почитуваат пропишаните норми, пренесува дописникот на МИА.

Надминувањето на нормите за оксиди од азот, некогаш се движат од 5 до 10 пати од нормата, зависно од технологијата избрана за спречување на загадувањето, се вели во извештајот на експертите.

Ниту еден од автомобилите не ги почитува во целост различните тестови воспоставени со протоколот за тестови воведен од УТАЦ – тело кое во Франција ги тестира автомобилите и дава дозвола за нивна хомологација. Било да станува збор за диоксид на азот (Nox) или пак за C02, исто така тестиран.

„Ние не научивме ништо ново, по објавувањето на првите тестови во јануари и резултатите само потврдуваат дека има тешкотии кај некои автомобилски конструктори како Рено и Опел, велат од Министертсвото за екологија на Франција.
Првата серија тестови, чии резултати беа објавени во јануари, покажаа дека покрај двата модели на Фолксваген, потребни се дополнителни испитувања кај моделите на Форд, Опел. Мерцедес Бенз, Рено/Дачиа. Нисан, Пежо-Цитроен, Фиат/Крајслер и Киа, било за рзлика во NOx било во CO2.
Комисијата на експертите се состанува и се очекува да излезе со препораки.

Би можело да ве интересира

Велика Британија е против едномесечен прекин на огнот во Украина

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски