Нисан планира агресивен упад на пазарот на електрични автомобили

Од:

Автомобилската компанија Нисан најави дека планира да продава по милион електрични возила годишно во следните три години.

Ова е амбициозен план на Нисан, кој во 2017 година продал помалку од 200.000 електрични автомобили. Компанијата воедно најави дека ќе продолжи да експериментира со воведување на безбедни системи за самоуправачки возила.

Нисан Лиф е еден од најдобро продаваните електрични автомобили во светот, но пазарот се уште не е доволно развиен поради високата цена на електричните возила и недоволно развиената инфраструктура за нивно полнење. Поради тоа, Нисан планира да се фокусира на издржливи батерии за автомобили и на хибридни возила кои користат и бензин и електрична енергија, а помалку внимание ќе посвети на електричните автомобили кои мора често да се напојуваат.

Во рок од пет години Нисан очекува да развие осум нови модели на електрични возила, од кои четири се наменети за кинескиот пазар. Заедно со своите глобални партнери, францускиот Рено и јапонскиот Мицубиши, Нисан че претстави 17 нови модели.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Владо Јаневски – бренд амбасадор на NISSAN QASHQAI

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов