Македонската олимпијка Нина Балабан го освои 42.место во дисциплината стрелаштво воздушна пушка 10 метри. Таа во квалификациите во четирите серии имаше вкупно 407.7 кругови, што е за еден круг послабо од нејзинот резултат остварен оваа година во Рим.
Во првата серија имаше 102.5 круга; во втората 102.9; во третата 102.1 и во последната 100.2.
Во оваа дисциплина настапија вкупно 51 натпреварувачка, а најдобрите осум ќе „пукаат“ во финалето и ќе се борат за медалите.