Николов посакува дуелот со Израел да биде пресвртница кон подобри резултати

Од:

Македонската фудбалска репрезентација ги продолжува подготовките за претстојниот натпревар против Израел во квалификациите за СП 2018.

Репрезентативецот Бобан Николов вели дека доколку сите во тимот го дадат максимумот нема причина за стравување.

– Очекувам да одиграме одличен натпревар против Израел, противник кој едноставно ни е „должник“ откако со многу среќа славеа на првиот натпревар во Скопје. Се обидувам да се наметнам со многу работа на тренинзите, впрочем како што и сите останати, а на селекторот е одлуката кој ќе игра. Работиме добро, се фокусираме на нашата игра и начинот на кој ние ќе се спротивставиме во Хаифа. Ако сите го дадеме максимумот нема причина да стравуваме, напротив, мислам дека ќе бидеме близу до посакуваното. Овие два меча против Израел и Албанија нека бидат пресвртница за нас во позитивна смисла. Ако некој тоа го посакува и заслужува тоа сме ние во тимот, изјави Бобан Николов, за сајтот на ФФМ.

Македонската експедиција утре заминува за Израел, а дуелот е закажан за в сабота (2 септември).

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска