Возачот на Мерцедес, Нико Розберг постави најбрзо време на првиот петочен тренинг за белгиското Гран При во Формула 1.
Германецот извози круг за 1:51.082 минути, односно 0.242 секунди побрзо од својот тимски колега Луис Хамилтон. Дани Рикиардо со својот Ред Бул беше трет.
Понатаму во редоследот се: Раиконен и Фетел од Ферари, на шестото место по 90 минути на асфалтот во Спа заврши Дани Квијат со болид на Ред Бул за нешто помалку од 0.9 секунди зад Розберг. Ферштапен којшто извозе 27 кругови имаше седмо најбрзо време пред тимскиот колега од Торо Росо, Карлос Саинц.
Тренингот беше стопиран околу 50. Круг заради излетувањето на Пастор Малдонадо.
Квалификациите за Големата Награда на Белгија се закажани за утре, сабота, во 8:45 по локално време.