Американската компанија за производство на спортска опрема Nike го раскина договорот со јужноафриканскиот олимпиец, Оскар Писториус, пренесе Макфакс.
Пред неколку дена, судот во Преторија го прогласи Писториус за виновен за убиство од негрижа. Судијката Токозила Масипа казната на атлетичарот ќе му ја изрече на 13. октомври. Според законите кои владеат во Јужна Африка, максимална казна која му се заканува на Писториус е 15 години затвор.
Писориус на 23. февруари 2013 година, во својот дом, ја застрела својата девојка Рива Стенкамп, мислејќи дека таа е провалник.
Американската компанија Nike, минатата година, веднаш по убиството го суспендираше договорот со Писториус, а сега реши да ја прекине соработката со познатиот атлетичар.