Незапирливиот Роналдо се врати со гол: Само 23 гола го делат од историската цифра од 1.000

Од:

Неверојатниот Кристијано Роналдо (41) се врати на теренот и веднаш ја затресе мрежата, докажувајќи дека и во 41-вата година нема намера да забави.

Португалскиот напаѓач се запиша во стрелците во убедливата победа на Ал-Наср над Ал-Ријад со резултат 4:0, што беше негов 977-ми погодок во професионалната кариера.

Роналдо ги пропушти воведните натпревари од сезоната бидејќи му се приклучи на тимот нешто подоцна поради репрезентативните обврски на Светското првенство, но и поради неодамнешната свадба.

Во игра влезе во 62-рата минута при водство од 3:0, а притоа навивачите на стадионот „Принц Фаисал бин Фахд“ го дочекаа со овации.

Својот гол го постигна во 83-тата минута. Ја прими топката во шеснаесетникот, со сјаен потег го исфрли својот чувар и со левата нога прецизно погоди за конечни 4:0.

Ова му беше 977-ми погодок во кариерата, што значи дека до нереалната цифра од 1.000 голови му недостасуваат уште само 23.

За време на богатата кариера ги тресеше мрежите во дресовите на Спортинг, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Јувентус и Ал-Наср, како и за репрезентацијата на Португалија.

Би можело да ве интересира

Херојот на Мундијалот не ужива во славата: Би го вратил животот што го имав претходно!

А1он

Стеф Кари испиша историја во НБА: Нов договор и неверојатен рекорд

Партизан по 19 години ја прекина сушата

(ВИДЕО) Сабаленка по поразот: „Е** се“

Деко за изборот за „Златната топка“: Тоа е светски скандал!

А1он

Србија ја прегази Грција и стигна на чекор до финалето на Европското првенство