„Гардијан“ ги избра најдобрите фудбалери за секој број на дресот – „тепачка“ за 10ката

Од:

Британскиот весник „Гардијан“ објави интересен избор на фудбалери кои низ историјата најмногу ги одбележаa поединечните броеви на своите дресови.

Авторите избраа по еден играч за секој број од 1 до 50, земајќи ги предвид поврзаноста на играчот со соодветниот број, успесите што ги постигнал носејќи го, како и причините за неговиот избор.

Интересно е што Лионел Меси, еден од најголемите фудбалери на сите времиња, не се најде на листата.

За легендарниот број 10, „Гардијан“ предност му даде на неговиот сонародник Диего Марадона, пред Лионел Меси, Пеле и Ференц Пушкаш, кои исто така беа во конкуренција.

Авторите објаснија дека за Марадона, бројот 10 претставувал многу повеќе од обична ознака на дресот. Тој бил дел од неговиот идентитет и од аргентинската фудбалска култура, а легендарниот фудбалер дури го имал и истетовирано тој број на грбот.

Нагласено е дека изборот е субјективен и замислен како забавен преглед на историјата на фудбалските броеви, а не како конечна оценка за квалитетот на поединечните играчи.

Би можело да ве интересира

Голманот Овоно размислува да ја заврши кариерата: „Никој не излегува на терен со намера некого да убие“

А1он

Најава за враќањето на Роналдињо на терените: „Магијата никогаш не исчезна, се враќа на 15 ноември“

Предраг Петровиќ

Петмина маскирани и вооружени мажи упаднаа во домот на шпанскиот голман додека вечераше со семејството

Моментот што ја промени фудбалската историја – на денешен ден Меси дебитираше за Барселона

А1он

(ВИДЕО) Јамајканец го изведе еден од најлошите пенали во историјата на фудбалот

А1он

Меси: Марадона нè поддржуваше на секој чекор, дури и од небото

А1он