Селекциите на Бразил и Мексико одиграа 0:0 со што го продолжија патот кон втората фаза во групата во која играат и селекциите на Хрватска и Камерун.
Јунак на мечот беше голманот на Мексико Гиљермо Очоа кој одбрани четири зицери на кариоките.
Се играше возбудлив, брз фудбал со многу шанси на обете страни.
Бразил и Мексико имаат по 4 бода додека Хрватска и Камерун кои играат утре се без бодови.