Фабијан Канчелара го освои својот втор златен медал на хронометар на Олимписките игри, откако на злaтото од Пекинг го додаде денешното од Рио.
Швајцарскиот велосипедист е еден од најуспешните во историјата на овој спорт. Со оглед на неговите 35 години Канчелара, Олимпијада во Рио ќе биде за него последна. Тој е 4-кратен светски првак.
Втор денеска заврши Том Думулан со 47 секунди послабо време, а трет е победникот од Тур де Франс, Крис Фрум со 1:02 минути послабо време од Канчелара.