Неверојатен успех на пливачите од ПК „Акватик“ од Карпош

Од:

Под водство на тренерот Марјан Соколовски-Мане, пливачите од ПК „Акватик“ од општина Карпош, остварија завиден резултат, освојувајќи девет медали на пливачкиот маратон кој се одржа в сабота (7 септември) во Дојран. Натпреварувајќи се во три различни категории, најмладите на 2,5 км, од 15-17 годишна возраст на 5 км, и над 17 годишна возраст на 10 км, пливачките надежи од ПК ,,Акватик’’ прикажаа извонреден резултат освојувајќи четири златни, две сребрени и три бронзени медали. На Купот на Македонија во маратонско пливање кој се одржува по вторпат, учествуваа вкупно 53 пливачи од Македонија.

Општина Карпош која го подржува спортот и ги поттикнува своите жители кон развивање на здрави животни навики, со гордост ги објавува имињата на младите успешни спортисти кои успеаја да се стекнат со медали: Ели Секуловска-(златна), Сандра Иванова-(сребрена) Ангела Ниниќ-(златна), Евита Насевска-(сребрена), Искра Стојаноска-(златна), Марта Челиковска-(бронза), Никола Василевски-(златна) Андреј Соколовски-(бронза) и Андреј Стојаноски-(бронза). Маратонот исто така го испливаа: Андреј Ѓоршевски, Марија Гајиќ и Филип Гајиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

A1on

(ВИДЕО) Јакимовски: Со изгласан буџет, Општина Карпош ќе продолжи непречено да функционира

(ВИДЕО) Велјановски: Со насилство се донесе буџетот на Општина Карпош