Луис Хамилтон, неславно го заврши своето деби зад управувачот на Мерцедес, откако на тестирањата на патеката во Херез, излета од патеката.
Хамилтон кога излета од патека и удри во заштитната ограда, го поставил второто најбрзо време на патеката.
Возачот на Мерцедес, во инцидентот минал без повреди, но целосно го уништил предниот дел на новиот болид кој ја носи ознаката „W04“. Механичарите, на Мерцедес, утврдиле дека поради неисправноста на задните сопирачки, Хамилтон излетал од патеката.
Тимот на Мерцедес, имаше проблеми и на првиот ден од тестирањата, кога на Нико Розберг по само 14 кругови му се запали болидот.