Селекторот на фудбалската репрезентација на Аргентина, Алехандро Сабеља, го објави прелиминарниот список на играчи кои ќе конкурираат за место во националниот тим на Мундијалот во Бразил.
Сабеља остана доследен на своите принципи и во репрезентацијата не го повика Карлос Тевез. Напаѓачот на Јувентус имаше одлична сезона, во која постигна 19 голови, но ниту тоа не му беше препорака за враќање во репрезентацијата.
Од доаѓањето на Сабеља на чело на аргентинскиот национален тим во 2011 година, Тевез нема одиграно ниту еден натпревар за репрезентацијата.
Аргентина, која многумина ја вбројуваат во најголемите кандидати за освојување на титулата, во првата фаза на Мундијалот ќе се натпреварува во Ф групата заедно со Босна и Херцеговина, Иран и Нигерија.
Голмани: Ромеро (Монако), Андухар (Катанија), Орион (Бока Јуниорс)
Одбрана: Забалета, Де Микелис (двајцата од Ман.Сити), Гарај (Бенфика), Фернандез (Наполи), Рохо (Спортинг Лисабон), Кампањаро (Интер), Басанта (Монтереј), Отаменди (Атлетико Минеиро), Лопез (Хетафе), Меркадо (Ривер Плата)
Ред за врска: Гаго (Бока Јуниорс), Маскерано (Барселона), Ди Марија (Реал М.), Банега, Макси Родригез (двајцата од Њуелс Олд Бојс), Билја (Лацио), Фернандез (Селта Виго), Алварез (Интер), Соса (Атлетико Мадрид), Ринаудо (Спортинг Лисабон)
Напад: Меси (Барселона), Игуаин (Наполи), Агуеро (Ман.Сити), Лавеци (ПСЖ), Паласио (Интер), Ди Санто (Вердер).