Повредата на најскапиот фудбалер на светот Нејмар по се изгледа е посериозна од првичните најави кои доаѓаа од Пари Сен Жермен.
Според „Л’Екип“, напаѓачот на ПСЖ со веројатност од 90 проценти ќе треба операција на десното стапало поради што, 26-годишниот Бразилец може да го пропушти остатокот од тековната сезона.
Во извештаите на француските медиуми с енаведува дека Нејмар тешко може да стапне на порведената нога.
Првата ѕвезда на ПСЖ се повреди на на 23 јануари во натпревар од 1/16 финалето на купот на Франција против Стразбур (2:0).