Нејмар: Би умрел за Тухел

Од:

Најскапиот фудбалер во историјата, Нејмар се изрази доста позитивно за својот тренер во ПСЖ, Томас Тухел и дури изрази подготвеност да „умре за него“.

– Односите ни се пријателски, но исто така има огромен взаемен респект. Многу го почитувам како тренер и кога треба да зборуваме еден со друг, го правиме тоа. Уште по првиот наш разговор ја пронајдов оваа врска помеѓу нас. И кога таа постои, тогаш си спремен да го дадеш својот живот за тренерот. За Тухел би го дал најдоброто од себе, за да победиме, изјави Нејмар пред француската телевизија „Канал +“.

ПСЖ е лидер во Лига 1 со 53 бода од 19 натпревари, 13 повеќе од вториот Лил, кој сепак има 2 натпревари повеќе. Бразилскиот ас досега придонесе со 13 гола и 6 асистенции во француското првенство.

Би можело да ве интересира

Нејмар нападнат од навивачите поради неговиот изглед, по повеќемесечна пауза се врати на терените

Обид да му го киднапираат новороденчето на Нејмар, вооружени напаѓачи ги врзале родителите на неговата поранешна девојка

Нејмар пристигна, принцот му испрати авион со златен трон

Предраг Петровиќ

Нејмар доби 320 милиони евра, заминува од ПСЖ

Предраг Петровиќ

Нејмар може да го напушти ПСЖ само со отштета од 150 милиони евра

Нејмар сака да го напушти ПСЖ