Неџипи потпиша за Шкендија

Од:

Управата на фудбалскиот клуб Шкендија од Тетово попладнево го претстави Ндерим Неџипи како најново засилување за претстојната сезона.

Според спорсткиот директор Матијас Валтер тие се задоволни што потпишале со Неџипи тригодишен договор.

– Неџипи има играно надвор од државата и сметаме дека искуството што го стекнал ќе го пренесе и во Шкендија. Последните недели завршивме многу работа со екипирањето на професионалниот тренерски тим кои во многу кратко време успеаја да направат екипа од која се очекуваат добри резултати во следните месеци. Фактот дека е потпишан тригодишен договор со Неџипи е уште еден показател дека проектот за влез на спозорот Еколог во Шкендија има долгорочни планови кои ќе се развиваат во текот на времето, рече Валтер.

Неџипи во Шкендија доаѓа од романскиот прволигаш Васлуј каде имал да одработи уште две години, но поради неисполнувањето на обврските од страна на клубот кон него тој успеал со органите на УЕФА и ФИФА да го раскине тој договор и да потпише за Шкендија. Се очекува дека сите дозволи и сертификати ќе пристигнат во клубот за десеттина дена по што тој ќе го има дебито за својот нов клуб.

Во однос на желбата да даде свој вистински придонес во репрезентацијата на Македонија Неџипи рече дека по повикот од селекторот Чеде Јаневски за пријателската средба против Полска во декември останува тој квалитетно да работи и да помогне колку што може во својот сегашен клуб, а на селекторот е да оцени дали тоа е доволно за нов повик.

Според претставникот на Шкендија Јетмир Беџети, трансферот на Неџипи се реализира најмногу поради самиот играч, кој немал големи финасиски барања и целосно го прифатил новиот имиџ на клубот и влезот на спонзорот Еколог. Од клубот најавија дека со ангажирањето на Ѓоре Јовановски на тренерската функција, како и играчите Неби Мустафи, Горан Мазнов и сега Ндерим Неџипи завршиле 99 отсто од планираните засилувања и веќе се знаат контурите на тимот, иако оставија отворена можност за ангажирање на други квалитетни играчи.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска