НБА: Оклахома го доби дербито на Западот

Од:

Лидерот во Западната конференција од НБА лигата ноќеска оствари убедлив триумф на гостувањето во Лос Анџелес. Оклахома со 109:97 го победи Клиперс за зацврстување на водечката позиција на Западот.

Постигнати резултати на другите три ноќешни натпревари во НБА лигата: Кливленд – Бостон 95:80, Детроит – Орландо 105:90 и Милвоки – Филаделфија 110:102.

Вечерва играат: Шарлот – Атланта, Мајами – Торино, Чикаго – Детроит, Мемфис – Лос Анџелес Лејкерс, Хјустон – Денвер, Минесота – Бруклин, Сан Антонио – Њу Орлеанс, Јута – Вашингтон, Сакраменто – Феникс, Портланд – Индијана и Голден Стејт – Оклахома.

Пласман Источна конференција: Мајами 26-12 (победи-порази), Њујорк 25-14, Индијана 26-16, Бруклин 25-16, Чикаго 24-16,…

Пласман Западна конференција : Оклахома Сити 33-9, Сан Антонио 33-11, ЛА Клиперс 32-11, Мемфис 26-14, Голден Стејт 25-15,…

Би можело да ве интересира

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите