НБА: Мајами и Шарлот ја прекинаa серијата порази

Од:

Шампионот во НБА лигата, екипата на Мајами со победа ја заврши 2012 година, откако ноќеска по продолжение ја совлада екипата на Орландо.

Со овој триумф Мајами ја прекина серијата од два пораза по ред. Двоецот Леброн Џејмс и Двејн Вејд ги постигнаа сите 13 поени за „жешките“ во дополнителните минути, додека кај Орландо најдобар учинок имаше центарот Никола Вучевиќ со рекордни за него 29 поени и 20 скокови.

Дојде крај и на серијата порази (вкупно 18) на Шарлот, откако на гостувањето го победија Чикаго.

Преглед на резултатите постигнати на ноќешните натпревари во НБА лигата: Индијана – Мемфис 88:83, Чикаго – Шарлот 81:91, Орландо – Мајами 110:112 (продолжение), Хјустон – Атланта 123:104, Сан Антонио – Бруклин 104:73 и Оклахома Сити – Феникс 114:96.

Вечерва играат: Вашингтон – Далас, Њујорк – Портланд, Детроит – Сакраменто, Њу Орлеанс – Атланта, Денвер – Лос Анџелес Клиперс и Лос Анџелес Лејкерс – Филаделфија.

Пласман Источна конференција: Мајами 21-8 (победи-порази), Њујорк 21-9, Атланта 19-10, Индијана 18-13, Чикаго 16-13, Милвоки 16-13,…

Пласман Западна конференција: Л.А. Клиперс 25-6, Оклахома Сити 24-6, Сан Антонио 25-8, Мемфис 19-9, Голден Стејт 21-10,…

Би можело да ве интересира

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите