Навивач на лондоснкиот фудбалски клуб „Арсенал“ доби тригодишна забрана за влез на стадион, откако призна дека за време на натпреварот со „Тотенхем“ фрлил банана врз фудбалерот Герет Бејл.
Судијата однесувањето на навивачот Томас Флинт го оцени како „срамотно“.
Флинт фрли банана врз Бејл додека тој изведуваше корнер, а казнет е и поради пцуење и плукање симпатизери на „Тотенхем“ за време на натпреварот на „Вајт Харт Лејн“ на 3 март годинава.
Навивачот на топчиите треба да плати и парична казна од 385 долари.