Навас во Сити за 23 милиони фунти

Од:

Хесус Навас од Севиља се сели во редовите на Манчестер сити во трансфер вреден 23 милиони фунти.

Напаѓачот, кој е пред потпис на петгодишен договор според кој ќе заработува пет милиони евра по сезона, изјави дека е пресреќен што станува прво засилување на „граѓаните“ под водство на новиот менаџер Мануел Пелегрини.

– Среќен сум што доаѓам во Сити, ова е одлична можност и мислам дека двете страни се среќни. Одлучив да се преселам во Манчестер уште пред четири месеци. Се уште не сум разговарал со Пелегрини, со кого се познавам од порано. Подготвен сум на „граѓаните“ да им помогнам да освојуваме трофеи – изјави 27-годишниот офанзивец.

Тој цела своја досегашна кариера ја помина во редовите на Севиља, за која одигра 393 натпревари и освои два трофеи во УЕФА купот, еден европски Суперкуп, два шпански Кралски купови и еден шпански Суперкуп.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска