Натпреварувачи од осум земји ќе учествуваат на 56. Мавровски меморијал

Од:

На патеката „Мирна долина“ во Маврово од 11 – 13 февруари ќе се одржи 56. Мавровски меморијал. Покрај македонските претставници, свој настап ќе имаат натпреварувачи од Србија, Црна Гора, БиХ, Хрватска, Грција, Турција и Бугарија.

По 20 во машка и женска конкуренција на патеката од 10 односно 5 километри, ќе настапат и звучните имиња како Ангелис Апостолис од Грција, Мартин Пенчев од Бугарија, Дадиќ Еди од Хрватска, и секако македонскиот претставник Ставре Јада.

Вообичаено овој настан има поддршка од Агенцијата за млади и спорт.

– Нашата визија е да се најдеме во европската елита на нордиското скијање, и затоа и оваа година ќе се потрудиме да оставиме впечаток на добри домаќини и организатори, и да го направиме овој ФИС натпревар еден од најдобро организираните меѓународни настани на Балканот. Како и секоја година претходно, така и овој пат, финансиски и логистички АМС ќе ја поддржи организацијата на овој меѓународен, традиционален настан, кој првата реализација ја имаше далечната 1962 година, рече на денешната прес-конференција директорот на АМС Дарко Каевски.

Тој упати апел до сите вљубеници во зимските спортови и на планинските убавини на Македонија, да бидат дел од овој настан, во насока на поддршка на македонските претставници во нордиско скијање, но и спортот во целина.

Натпреварот се одржува во спомен на 38-те градители на електро системот Мавровка и 14 храбри граничари, кои го загубија животот во снежната лавина 1956 година.

Би можело да ве интересира

Еден од најдобрите ски скокачи ја заврши кариерата, не се опорави од тешкиот пад

Предраг Петровиќ

Хорор во Италија: Познат скијач и неговата девојка паднаа во провалија длабока 700 метри

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

Браатен шокира со одлуката да го напушти скијањето, легендата му нуди брак за да му ја спаси кариерата

Предраг Петровиќ

Скијањето станува загрозен спорт

Предраг Петровиќ