Натпреварот Македонија – Србија од висок ризик

Од:

Министерството за внатрешни работи информира дека во вторник ќе бидат превземени посебни безбедносни мерки околу Националната Арена „Филип Втори” поради одигрувањето на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Србија.

Српскиот фудбалски сојуз известил дека нема да има организирано патување за навивачките групи, но поради тоа што се работи за меѓународен натпревар, МВР го третира како натпревар од висок ризик.

Меѓу другото, во рамки на сообраќајниот режим, во вторник од 12:00 часот ќе биде затворен сообраќајот од крстосниците на улиците „Ленинова” и „Јордан Хаџи Константинов-Џинот” кон фудбалскиот стадион, и ќе бидат пропуштани само возила со посебни пропусници.

МВР апелира до граѓаните, особено оние коишто со возила ќе се упатуваат кон националната арена, во посочениот период од 17:00 часот да ги почитуваат сообраќајните правила и да ги паркираат своите возила на дозволени паркинг простори.

 

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара притвор за пет лица опфатени со вчерашната акција за сомнителни набавки на мазут

Предраг Петровиќ

Две жртви и еден тешко повреден во сообраќајка на влезот во Битола

Нова несреќа со смртни последници, загина 34-годишнен штипјанец

Директор на струшко училиште имал лажен сертификат за странски јазик, МВР поднесе кривична

ВИДЕО: Се повеќе измами со лажни сообраќајки, МВР предупредува да не се наседнува

Катерина Ѓуровски

Возел со 1,35 промили алкохол во крвта, удри млада девојка на улица во Скопје

Катерина Ѓуровски