Нова несреќа со смртни последници, загина 34-годишнен штипјанец

Од:

Во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Штип – Карбинци загина 36-годишен маж од село Карбинци.

Од СВР Штип информираат дека вчера околу 23:50 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Штип – Карбинци, на влез во селото Карбинци, патничко возило „тојота“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 36-годишниот В.Л. од село Карбинци, излетало од патот и удрило во бетонски столб.

Од здобиените повреди, на местото починал сопатникот М.Т.(34) од Штип, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

Со тешки телесни повреди се здобил возачот В.Л., констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип.

Би можело да ве интересира

МВР: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки

А1он

Седум загинати, над 53 повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Пијан возач од Македонски Брод удри во паркиран автомобил

Штипјанец е тешко повреден откако со мотоцикл излета од автопатот Скопје-Куманово

Во сообраќајка загина пратеникот во Собранието на Република Српска, Срѓан Тодоровиќ

Горан Наумовски

Обвинителство изврши увид по тешката сообраќајка на патот Кичево – Гостивар

А1он