Загина маж во сообраќајка на „Ленинова“, возачот е во бегство

Од:

Вчера околу 19.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на пешачка патека во близина на улицата „Ленинова“, мотоцикл „кавасаки“ удрил во пешакот Ј.Н.(68) од Скопје, по што мотоциклистот избегал од местото на сообраќајката.

Во несреќата со тешки повреди се здобил пешакот, а со телесни повреди се здобил сопатникот од мотоциклот Х.И.(26) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Од здобиените повреди, Ј.Н. починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени