Натпревари од 5. коло од квалификациите за ракометното Европско првенство

Од:

Единаесет од вкупно 14. натпревари од 5. коло од квалификациите за ракометното Европското првенство во Хрватска ќе се одиграат попладнево.

Македонската ракометна селекција својот дуел од оваа рунда ќе го одигра утре на гости против Украина, кога се играат и другите два дуела.

Распоред на натпреварите од 5. коло денеска: Холандија – Данска (група 1), Србија – Полска (група 2), Босна и Херцеговина – Шпанија и Финска – Австрија (група 3), Чешка – Исланд (група 4), Португалија – Германија и Швајцарија – Словенија (група 5), Црна Гора – Шведска и Словачка – Русија (група 6), Литванија – Франција и Белгија – Норвешка (група 7).

Утре играат: Украина – Македонија (група 4), Летонија – Унгарија (група 1) и Романија – Белорусија (група 2).

Табела група 1: Данска 7 бодови, Унгарија 5, Холандија 4, Летонија 0.
Табела група 2: Србија 6, Белорусија 5, Романија 4, Полска 1.
Табела група 3: Шпанија 8, Босна и Херцеговина 4, Австрија 2, Финска 2.
Табела група 4: Чешка 4, Македонија 4, Исланд 4, Украина 4.
Табела група 5: Германија 8, Португалија 5, Словенија 3, Швајцарија 0.
Табела група 6: Шведска 8, Црна Гора 4, Словачка 2, Русија 2.
Табела група 7: Франција 6, Литванија 6, Норвешка 4, Белгија 0.

Пласман на Европското првенство досега имаат изборено Германија, Шпанија и Шведска и Хрватска како домаќин.

Би можело да ве интересира

Данците ја прегазија Холандија за сигурно полуфинале

А1он

Македонија вечерва ќе игра против Данска

Ана Ололовска

Македонските ракометари изгубија од Словенија

А1он

Лазаров ги изостави Митев и Трајковски за дуелот со Словенија

Ана Ололовска

Врањеш: Македонците се силен противник, очекувам тежок натпревар

Ана Ололовска

Седмо Европско првенство и 14. учество на големите натпреварувања за македонската ракометна репрезентација

Ана Ололовска