Насри: Тажен сум поради отказот на Манчини

Од:

Ме погоди отказот на Манчини и тажен сум поради тоа. Но, јас сум професионалец и знам дека вакви нешта се случуваат во фудбалот. Манчини беше „виновникот“ за моето доаѓање во Сити па можете да замислите како се чувствував кога дознав дека го напушта клубот, изјави Самир Насри, еден од најдобрите играчи на Манчестер Сити.

Тој додаде дека навикнат е на вакви ситуации и дека како играч на Марсеј се соочил со смена на четири тренери во исто толку години.

– За мене не е пресудно кој ќе го замени Манчини. Мое е да го одиграм тоа што ќе се бара од мене и да ги исполнувам задачите, истакна францускиот репрезентативец кој добиваше и критики од Роберто Манчини за слабите игри на неколку натпревари.

Италијанскиот стручњак Роберто Манчини на почетокот на неделава доби отказ од Манчестер Сити поради лошите резултати сезонава во евро-куповите и во домашните натпреварувања.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска