Наполи за првпат по 15 години не постигна гол на четири гостински натпревари по ред

Од:

Италијанскиот фудбалски прволигаш Наполи вечерва во Фиренца одигра одигра нерешено 0:0 со Фиорентина во натпреварот од 23 рунда од Серија А.

„Наполитанците“ не можат да постигнат гол веќе четврти натпревар по ред на гостински терен, нешто што им се случува првпат по 15 години.

Наполи на претходните три натпревари не ја затрес мрежата на Милан во италијанскиот куп (0:2), во првенството 0:0 и на Интер исто така во Серија А (0:1).

Последен пат, четири пати по ред на гостински терен Наполи не дал гол од ноември 2003 до февруари 2004 година. Тогаш серијата на клубот беше седум натпревари, а Наполи играше во Серија Б.

Би можело да ве интересира

Бизарна причина го кочи големиот трансфер

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Елмас со Наполи стана шампион на Италија

Катерина Ѓуровски

Наполи ќе му понуди нов договор на Спалети

Распадори донесе радост, Елмас и Наполи на врвот во Серија А

Можниот трансфер на Роналдо во Наполи зависи од Антони!

Елмас и Наполи на стартот против Ливерпул, ПСЖ го чека Јуве, Баерн му гостува на Интер